Jaguar го подготвува XJR за Њу Јорк! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar го подготвува XJR за Њу Јорк!

Британскиот производител на луксузни автомобили ќе ја претстави R верзијата на големиот XJ на автомобилскиот саем во Њу Јорк.

Големата мачка под поклопецот крие 5-литарски компресорски V8 мотор кој испорачува 550 коњски сили. Со ова, знаменосецот на Jaguar се поставува на самиот врв на сегментот. Според луѓето од Jaguar, новиот XJR ќе нуди перформанси на суперавтомобил, заедно со агресивен изглед и највисокото ниво на луксуз.

Ова е единствената досега објавена фотографија од XJR. Наскоро очекуваме повеќе, кога новиот XJR ќе ја има својата премиера.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.