Со HND-9 концептот, Корејскиот производител најавува спортско купе со класични пропорции – а нам тоа ни мириса на наследник на Genesis Coupe!
Автомобилскиот саем во Сеул, Кореа, ќе биде отворен од 29ти Март до 7ми Април годинава, и еден од концептите кои ќе бидат прикажани таму е HND-9 на Hyundai. Концептот е дизајниран во дизајн центарот на Hyundai во Namyang во Кореа и е 9-ти концепт кој излегува од таму.
Концептот ќе биде опремен со 3.3-литарски бензински V6 мотор кој користи турбо-полнење и директно вбризгување на гориво за да испорача 370 коњски сили кон задните тркала преку 8-брзински автоматски менувач. Повеќе информации и официјални фотографии од концептот очекуваме наскоро.