Летечкиот Финец ја отвори сезоната во Австралија, со победа која што е негова 20-та во F1 и со тоа го изнедначи рекордот на својот сонародник Мика Хакинен.
Пиедесталот во Мелбурн изгледаше како генералниот поредок на крајот од минатата сезона, но по обратен редослед.
Зад Раиконен се најде Алонсо, а на третата позиција заврши три-кратниот и актуелен шампион Фетел. Многумина очекуваа доминација на тимот на Red Bull со оглед на нивната супериорност во квалификациите, но Кими Раиконен уште еднаш по неговото враќање во F1 покажа дека е многу посилен во самата трка. Така, Раиконен успеа од 7-мата позиција уште по само 3 круга да се најде зад водечката тројката, Фетел и двоецот од Ferrari, Маса и Алонсо. Возачите на Ferrari имаа навистина одличен старт и не му дозволија на Германецот да побегне.
Клучна за победата на Кими беше тактиката со едно влегување помалку во боксот. Тој успеа со одлично возење да ги сочува пневматиците и да не дозволи Алонсо и Фетел да ја загрозат неговата позиција иако имаа посвежи гуми. Финецот дури успеа да го постави и најбрзиот круг, и тоа во финишот на трката односно во предпоследниот круг.
Најголемо разочарување беше тимот на McLaren, кој прво во квалификациите направи катастрофална грешка со изборот на пневматици кај Перез, а на трката успеа да дојде само до 2 бода со 9-тата позиција на Џенсон Батон. Луис Хамилтон својата прва трка во новиот тим ја заврши на 5тата позиција. Интересно е што сите 5 дебитанти својата прва трка ја завршија со пласман. Следуваат целосните резултати од ГН на Австралија возена во Мелбурн на патеката Алберт Парк.
Поз. Бр. Возач Тим Кр. Време/Пов. Ст. Бод. 1 7 K. Räikkönen Lotus-Renault 58 1:30:03.225 7 25 2 3 F. Alonso Ferrari 58 +12.4 secs 5 18 3 1 S. Vettel Red Bull Racing-Renault 58 +22.3 secs 1 15 4 4 F. Massa Ferrari 58 +33.5 secs 4 12 5 10 L. Hamilton Mercedes 58 +45.5 secs 3 10 6 2 M. Webber Red Bull Racing-Renault 58 +46.8 secs 2 8 7 15 A. Sutil Force India-Mercedes 58 +65.0 secs 12 6 8 14 P. di Resta Force India-Mercedes 58 +68.4 secs 9 4 9 5 J. Button McLaren-Mercedes 58 +81.6 secs 10 2 10 8 R. Grosjean Lotus-Renault 58 +82.7 secs 8 1 11 6 S. Perez McLaren-Mercedes 58 +83.3 secs 15 12 18 J. Vergne STR-Ferrari 58 +83.8 secs 13 13 12 E. Gutierrez Sauber-Ferrari 57 +1 Lap 18 14 17 V. Bottas Williams-Renault 57 +1 Lap 16 15 22 J. Bianchi Marussia-Cosworth 57 +1 Lap 19 16 20 C. Pic Caterham-Renault 56 +2 Laps 22 17 23 M. Chilton Marussia-Cosworth 56 +2 Laps 20 18 21 G. Garde Caterham-Renault 56 +2 Laps 21 Ret 19 D. Ricciardo STR-Ferrari 39 Exhaust 14 Ret 9 N. Rosberg Mercedes 26 Electrical 6 Ret 16 P. Maldonado Williams-Renault 24 Spin 17 Ret 11 N. Hulkenberg Sauber-Ferrari 0 Fuel System 11
Текст: Игор Андоноски