Renault Captur Crossover – Напад на Французите! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Captur Crossover – Напад на Французите!

Renault  деновиве ги објави информациите за својот нов компактен кросовер кој ќе биде базиран на Clio, со што сериозно се заканува на веќе докажаните конкуренти.

Во изминатиот период видовме дека оваа класа на компактни кросовери секојдневно е се попопуларна. Peugeot веќе го објави својот адут, 2008, а сега и Renault со Captur Crossover агресивно атакува во оваа класа.

Еден од главните адути на Renault ќе биде цената, која ќе се движи од 15,500 евра, со што ќе биде за нијанса поевтин од Nissan Juke. Модерниот дизајн кој го нуди Capture прави да се истакнува од своите конкуренти, па слободно може да кажеме дека Capture е еден од нај-авантгардните кросовери.

Најопремениот Captur Crossover ќе чини 22,700 евра ( во Франција), а освен еден куп опрема, под поклопецот ќе биде сместен 90 КС dCI дизел моторот на Renault во комбинација со новиот “Efficient Dual Clutch” 6-степен автоматски менувач. На жал, Capture нема да се нуди во 4х4 верзија, барем не на почетокот на продажбата.

За сега, во Captur ќе бидат вградувани 0,9 литарскиот TCe бензинец со 90 КС, кој одлично се покажа на нашиот тест на новото Clio, познатиот дизел мотор со 90 КС како и 1.2 литарскиот TCe бензинец кој располага со 120 КС, позајмен од новото Clio GT.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.