Утринска Гимнастика: Новото Porsche 911 GT3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Новото Porsche 911 GT3

GT3 верзиите на Porsche 911 отсекогаш биле тркачки возила, кои можат да се користат на градските и вонградските патишта, но овој најнов модел содржи неколку новини кои го прават поразличен од неговите претходници.

Иако новајлијата останува верен на традицијата со неговиот нормално аспириран 3.8-литарски шест-цилиндарски боксер агрегат, тој сепак е доволно навиен за да успева да испорача неверојатни 125 кс по литар, произведувајќи вкупно 470 кс. Најзначајната измена е PDK менувач со двојна спојка, наместо рачен, за прв пат кај GT3 модел.

Porsche неодамна објави видео кое ни објаснува повеќе детали за технологијата позади 911 GT3, а ние ви препорачуваме да го погледнете!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.