Електричниот Peugeot 205 бил пренапреден за своето време – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Peugeot 205 бил пренапреден за своето време

Електричните возила претставувале солидна алтернатива на бензинските и дизелските верзии со декади. Сепак, корпорациите и изобилството од нафта биле главните виновници за непопулизирањето на електричните автомобили.

Многу автомобилски компании во минатото направиле обид да создадат изводлив електричен автомобил, а во деведесетите Peugeot биле многу блиску. Пред да го развие попознатиот 106 Electric, Францускиот производител произвел неколку пробни возила базирани на компактот 205. Тие во предниот дел биле опремени со дванаесет батерии од по 6 волти, кои тежеле 300 килограми, доведувајќи го автомобилот до сеуште ниски вкупни 850 килограми.

Најимпресивен податок кај електричниот 205 е автономијата на возење која можел да ја достигне. Доколку се возел со постојана брзина од околу 40 км/ч, моделот можел да помине 200 километри, додека при 70 км/ч, опсегот на возење се намалувал на 140 километри. За овие бројки бил заслужен и системот за регенерирање на енергијата при сопирање.

Дури и доколку вистинскиот опсег е помал од објавеното, факт е дека еден електричен Peugeot од деведесетите е блиску во перформанси со далеку понапредните модерни електрични возила.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.