Volkswagen e-up! – 150 километри со едно полнење! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen e-up! – 150 километри со едно полнење!

Како што најави, Volkswagen ја претстави електричната верзија на малиот up – овој електричен автомобил ќе може да помине до 150 километри со едно полнење.

Volkswagen го најавува електричниот up како одлично второ возило или како возило наменети за оние кои секој ден патуваат до работа. Со едно полнење up може да помине и до 150 километри, но интересно е дека батеријата може да се наполни до 80% за 30 минути.

Електричниот мотор може да понуди максимална моќност до 82 коњски сили, но нуди континуирана моќност од 55 коњски сили. Максималниот вртежен момент 210 Nm е достапен од 0 вртежи. Автомобилот забрзува до 100 километри на час за 14 секунди, а максималната брзина е 135 километри на час.

e-up ќе го препознаете по закривените LED дневни светла интегрирани во предниот браник, а целиот преден дел и долниот дел на автомобилот се аеродинамички оптимизирани. Цената сеуште не е позната, но ќе ја знаеме по премиерата на автомобилскиот саем во Франкфурт, кога и ќе започнат да се примаат нарачки за e-up.

Во меѓувреме, погледнете го нашиот тест на малиот up, но со мотор на внатрешно согорување.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.