Nokian Tyres и Audi RS6 поставија нов светски брзински рекорд со 335.6 км/ч на мраз! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nokian Tyres и Audi RS6 поставија нов светски брзински рекорд со 335.6 км/ч на мраз!

Финскиот производител на пневматици Nokian Tyres постави нов брзински рекорд користејќи Audi RS6 опремено со најновиот модел на зимските Hakkapeliitta пневматици.

Новиот рекорд го постави нивниот тест возач Јане Лаитинен, со постигната максимална брзина од 335.6 км/ч, победувајќи го нивниот претходен рекорд поставен во Март 2011 за 4 км/ч. Утврдувањето на новиот Гинисов рекорд се одржа на подготвена патека со должина од 7.5 милји над замрзнатите води на Ботнискиот залив.

За да биде признаен рекордот, Nokian Tyres требале да исполнат неколку услови. Автомобилот морал да ја помине патеката и во двата правци во текот на еден час, мразот морал да биде природен без никакви хемиски додатоци за подобра тракција и пневматиците морале да бидат комерцијално достапни и одобрени за користење на патиштата во земјата каде што е направен обидот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.