Наредниот Ford Focus RS ќе има 335кс и ќе чини 40.000 евра – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наредниот Ford Focus RS ќе има 335кс и ќе чини 40.000 евра

Најновите вести најавуваат дека третата генерација на најбрзата RS верзија од Focus ќе излезе на пазарот во 2015.

Новиот 2.3-литарски четири-цилиндарски EcoBoost агрегат ќе биде потпомогнат од турбополнач и директно вбризгување, и ќе призведува вкупно 335 кс, кои ќе се испорачуваат само кон предните тркала, иако претходно се најавуваше дека моделот ќе располага со погон на сите тркала.

Оваа погонска единица најверојатно ќе го најде своето место и во палетата на мотори кај наредниот Mustang, кој ќе биде достапен и на Европскиот пазар. Претпоставуваме дека ќе има разлика во бројот на коњски сили помеѓу Focus RS и Mustang.

Се очекува следната генерација на Focus RS да се нуди на Европскиот пазар по цена од околу 40,000 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.