Производителот на автомобилски делови Magna Steyr го прикажа Peugeot RCZ View Top концептот кој наговестува RCZ со подвижен кров.
Интересно конципираниот и дизајниран систем е различен од она што сме навикнати да го гледаме како кабриолет. Тука има неколку одвоени стаклени делови кои се спојуваат со текстилни елементи. На овој систем му се потребни само 12 секунди да се отвори или затвори, а нам ни изгледа навистина интересно. Овој систем не налага употреба на зацврстувачки столбови, па тежината на автомобилот би се зголемила многу малку.
Интересен концепт, да се надеваме дека ќе ја види светлината на денот.