Ogier победи во Мексико! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ogier победи во Мексико!

Францускиот возач стигна до својата втора победа во шампионатот и цврсто го држи првото место во генералниот пласман!

Ogier се покажа дека е во одлична форма изминатиов викенд и скоро без престан беше на врвот на табелата. На второ место заврши Miko Hirvonnen додека на третата позиција се најде Thierry Neuville. Ова беше прв подиумски финиш за Neuville.

Сепак, главна тема е Ogier. Тој победи на 16 од 23 делници и со своето Polo R WRC стигна до прва победа на макадам. Очигледно задоволен од почетокот на сезоната Ogier најави дека сезоната ќе биде долга, но дека е задоволен од одличниот почеток.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.