Регулаторната Комисија за Енергетика реши да ги намали цените на горивата за 1.50 односно 2 денари!
Како и секој втор понеделник, така и денес Регулаторната Комисија за Енергетика нè почести со нови цени на горивата. Согласно нивната методологија за пресметка на малопродажните цени, од вечерва на полноќ цените се намалуваат во просек за 1.97% проценти. Тоа значи дека еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 1.50 денари помалку и ќе се продава по цена од 83.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе се намали за 2 денари и еден литар ќе се продава по цена од 85 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1.5 денари и еден литар ќе се продава по цена од 71 денар.
Цените важат од вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.