Subaru повикува 47.000 возила во сервис! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru повикува 47.000 возила во сервис!

Очигледно ниту јапонските производители, познати по својот квалитет не се имуни на повикување возила во сервис.

Јапонскиот производител Subaru ќе повика околу 47.000 примероци на Legacy, Legacy Outback и Impreza во сервис заради проблем со далечинското вклучување на возилото. Според Subaru, кај некои автомобили може да се случи тие самите да се вклучат заради погрешен сигнал кој го испраќа далечинскиот управувач за автомобилот. Ова може да се случи само кај автомобили продадени во Соединетите Американски Држави со вграден систем за далечинско стартување на автомобилот.

Ова може да се случува континуирано, и автомобилот да се стартува и гаси се додека не се испразни батеријата на далечинското или додека возилото не остане без гориво. Во затворени простории ова може да доведе до сериозни последици заради емисијата на издувни гасови.

Машините се будат!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.