Пригодно и со француски шмек беше промовиран Citroen C-Elysee во просториите на Порта Македонија во центарот на Скопје!
Според луѓето од Citroen, токму C-Elysee е моделот кој треба да ги задоволи потребите и очекувањата на клиентите кои се во потрага по стил и пеформанси, спакувани во еден троделен седан. Новите мотори, екстензивното тестирање и вниманието посветено на квалитетот, но и францускиот дизајн се епитетите кои треба да ги привлечат потенцијалните купувачи.
Во понудата се наоѓаат два ClearTech бензински агрегати – еден со 72 коњски сили и 110 Nm, а другиот со 115 коњски сили. Во понуда е HDI дизелска изведба со 92 коњи. Овие мотори се со намалена потрошувачка а зголемена моќност. Основниот бензинец троши само 5.2 литри на 100 километри, додела дизелот може да се пофали со екстремно ниска потрошувачка од 4.1 литри дизел на 100 километри.
Цените започнуваат од 10.490 евра за основниот бензинец и основното ниво на опрема кое се нарекува Attraction, и одат сè до 14.490 евра за дизелскиот мотор со 92 коњски сили и највисокото – Exclusive – ниво на опрема.