Накратко веќе пишувавме за Veneno, но сега ги имаме сите податоци за ултра-ексклузивниот модел на Lamborghini!
Веќе знаеме дека Veneno ќе се произведе во екстремно-лимитирана серија од само три примероци. Под поклопецот се крие мотор кој испорачува 750 коњски сили, а тоа значи забрзување до 100 километри на час за само 2.8 секунди и максимална брзина од 355 километри на час.
Veneno е дизајнерска студија, односно тркачки концепт кој има целосна хомологација за возење на обични улици. Напредните технологии кои се користени за развивањето на овој модел му ги дозволуваат овие екстремни перформанси, но и цената од три милиони евра плус данок. Сите компоненти се концентрирани кон една цел – екстремни динамички способности, одлична аеродинамика и совршени управувачки можности.
Благодарение на напредните материјали, Veneno (да, името го носи по бик од почетокот на минатиот век, кој фатално повредил еден тораедор во 1914) тежи само 1450 килограми – цели 125 килограми помалку од Aventador – а носи изменета верзија на познатиот мотор, како и перманентен погон на сите четири тркала!