Ferrari конечно го претстави LaFerrari, новиот хипер-автомобил од Маранело! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari конечно го претстави LaFerrari, новиот хипер-автомобил од Маранело!

Ferrari во најстрога тајност го чуваше наследникот на Enzo, но денес можеме да ви кажеме дека LaFerrari ќе нуди дури 963 коњски сили!

Срцето на овој монументален (нема друг збор кој можеме да го употребиме) автомобил е голем V12 мотор со зафатнина од 6262 кубни сантиметри кој развива 800 коњски сили на врискачки 9000 вртежи и 700 Nm вртежен момент. Во соработка со V12 моторот, тука е и HY-KERS електричниот мотор кој нуди дополнителни 163 коњски сили.

Благодарение на овие разјарени коњи, LaFerrari ќе забрзува до 100 километри на час за помалку од 3 секунди, а максималната брзина ќе биде повисока од 350 километри на час. Според најавите, LaFerrari треба да забрзува до 200 километри на час за помалку од 7 секунди, а до 300 километри на час за 15 секунди.

Во моментов се одвива светската презентација на LaFerrari, а CARclub е меѓу првите во светот кои ги пренесуваат податоците за LaFerrari. Наскоро ќе имаме уште информации!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.