Volkswagen Golf е Европски Автомобил на Годината за 2013! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Golf е Европски Автомобил на Годината за 2013!

Жирито за Европскиот Автомобил на Годината кое е составено од 58 членови од 22 европски земји го избра Volkswagen Golf од седмата генерација за Европски Автомобил на Годината за 2013!

Она што е интересно е дека Volkswagen Golf освои вкупно 414 поени, додека второпласираниот автомобил – Toyota GT 86 освои 202. Зад нив се најдоа Volvo V40 (189), Ford B-MAX (148), Mercedes-Benz A-Class (138), Renault Clio IV (128), Peugeot 208 (120) and Hyundai i30 (111). Golf е единствениот автомобил кој по втор пат ја освојува оваа награда.

Ние веќе го возевме новиот Golf и се уверивме во неговите квалитети и можеме само да се согласиме со изборот на судиите, а значителната предност која Golf ја има пред другите кандидати зборува за убеденоста на судиите во нивниот избор.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.