Вака ќе изгледа караванската изведба на Volkswagen Golf 7 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вака ќе изгледа караванската изведба на Volkswagen Golf 7

Караванските изведби секогаш биле интересни за оние кои имаат поголеми семејства, или едоставно им треба возило кое може да пренесе поголем товар, а сепак да го понуди комфорот кој е секојдневно потребен.

Еден од новите модели кои Volkswagen ќе ги прикаже во Женева е токму караванската изведба на новиот Golf од седмата генерација. По она што можеме да го видиме, оваа изведба ќе може да се пофали со поголемо меѓуоскино растојание. Како и обичниот Golf, и Variant (најверојатно ќе го носи тоа име) изведбата е изградена врз MQB платформата, и ќе ги добие истите бензински и дизел мотори кои веќе ги познаваме.

Не знаеме дали Volkswagen ќе понуди GTI или GTD изведба од новиот караван, но тоа ни звучи како интересна варијанта – 220 коњски сили и доволно место за целата фамилија и кучето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.