Доделена наградата за Автомобил на Годината во Македонија за 2013! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Доделена наградата за Автомобил на Годината во Македонија за 2013!

Вчеравечер  во преполната сала на хотелот Александар Палас, стручното жири свечено ја додели плакетата Автомобил на Годината за 2013. Како што веќе знаеме, овој пат титулата му припадна на Seat Leon!

Seat Leon so освојување на овогодинешната награда стана двократен добитник на ова признание. Првата генерација Seat Leon ја освои наградата во 2001 година!  Наградата беше врачена од страна на претседателот на жирито, г-дин Агрон Сулејман, а  ја примија генералниот менаџер на КА-ДИС г-дин Зоран Калеников  и регионалниот менаџер за продажба на SEAT S.A   г-дин Гифре Пујол Солсона, кој со неколку реченици му се заблагодари на реномираното жири за врачената награда и довербата која му беше доделена на нашиот автомобил.

Покрај Seat Leon, со награди се закитија и Mitsubishi Outlander кој ја доби наградата за SUV на годината, и Peugeot 301, кој ја доби наградата за адекватност на Македонскиот пазар. Ова беше 18-то доделување за автомобил на годината во Македонија, а жирито полнолетството на изборот го прослави со истакнување на Томислав Биљарац – човекот кој пред 18 години го започна овој традиционален настан. Ние им честитаме за долгогодишната успешна работа, а на победниците им ги честитаме признанијата и им посакуваме многу продадени возила оваа година!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.