Официјално: Volkswagen Golf GTI ќе се нуди со 220 или 230 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Volkswagen Golf GTI ќе се нуди со 220 или 230 коњски сили!

Volkswagen конечно ги објави сите детали околу новиот Golf GTI, кој ќе ја има својата официјална премиера во Женева!

Само неколку дена откако го претставија Golf GTD, денес Volkswagen ги објави сите официјални податоци за новиот Golf GTI.

Под поклопецот на моторот се крие 2-литарски турбо-бензински TFSI мотор кој ќе се нуди во две верзии – со 220 или 230 коњски сили. Верзијата со 220 коњски сили ќе ја носи само ознаката GTI, додека онаа со 230 коњски сили ќе се вика GTI Performance, а и двете верзии ќе нудат 350 Nm вртежен момент. Стандардниот GTI забрзува до 100 километри на час за 6.5 секунди, а максималната брзина изнесува 246 километри на час. GTI Performance забрзува до 100 километри на час за 6.4 секунди, а максималната брзина е зголемена на 250 километри на час. GTI Performance ќе може да се пофали и со заклучен преден диференцијал.

Двете верзии ќе доаѓаат со Старт-Стоп систем и ги исполнуваат барањата за EURO-6 стандардите. Просечната потрошувачка изнесува 6 литри на 100 изминати километри а емисијата на штетни гасови е ниски (за ваков автомобил) 139 грама CO2 на изминат километар. Ова значи дека новиот Golf GTI остварува подобрување од 18% во однос на минатата генерација. Доколку купувачот се одлучи да го нарача GTI со DSG менувач, тогаш потрошувачката расте на 6.4 односно 6.5 литри, а емисијата на штетни гасови расте на 148, односно 150 грама CO2 на изминат километар.

Секако, GTI мора да се издвои од обичниот голф, а тоа ќе го направи благодарение на спортските браници напред и позади, спортскиот издувен систем, големите тркала, LED задните светла и уште многу други ситници. Во внатрешноста веднаш се препознатливи веќе познатите „карирани“ седиша, но тука ќе бидат и спортскиот волан, специјална изведба за инструменталниот панел, итн.

Поврзано:  Во салонот на Volkswagen пристигна новиот Taigo

Нарачките за новиот Golf GTI почнуваат на 5ти Март, а цените во Германија ќе започнуваат од 28.350 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.