Претставен Techart Porsche Carrera 4S – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Techart Porsche Carrera 4S

Реномираниот Германски тјунер Techart објави нови фотографии од нивниот проект базиран на новиот Porsche Carrera 4S.

Проектот претставува вистинска појава со неговата Emerald зелена боја, како и аеродинамичниот бодикит кој е составен од преден сплитер, редизајнирани странични прагови, црна хауба, заден дифузер и спојлер. Моделот е опремен со тркачки издувен систем кој има централно поставени двојни издувни цевки и вентили кои можат да се отворат или затворат за да му дадат подлабок звук на автомобилот.

Ентериерот може да се добие со елементи и детали во боја на каросеријата, спорстки волан со три краци и црни палки на менувачот. Во понуда ќе биде и Noselift систем, кој може да го подигне предниот дел за 60mm за поминување преку легнати полицајци, како и избор од разновидни 20 и 21-инчни алуминиумски фелни.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.