Mode Carbon се здружија со екипата на ADV.1 за да го дотераат веќе агресивниот Mercedes-Benz C63 AMG Black Series со нови црвени фелни, карбонски ретровизори, заден спојлер и дифузер.
Овој Mercedes-Benz C63 AMG Black Series вози на едноделни ADV5.21 SL фелни со големина од 20×10 инчи напред и 20-11 инчи позади, обоени во сјајна црвена боја. Како резултат на овие измени, овој примерок изгледа уште позастрашувачки од претходно!