Новиот Volkswagen Golf GTD доаѓа во Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Volkswagen Golf GTD доаѓа во Женева!

За оние кои сакаат истовремено да добијат спортски перформанси, максимално уживање, но и врвна економичност – тука е Volkswagen Golf GTD, кој ќе го има своето деби во Женева!

Традиционалистите велат дека е тешко да се вклопат зборовите „спортски“ и „дизел“ во иста реченица, но Volkswagen ќе направи сè што може да ги убеди во спротивното – а главен адут во оваа дискусија ќе биде токму Golf GTD.

Новиот GTD може да се пофали со 2-литарски TDI турбодизел агрегат кој испорачува 184 коњски сили и 380 Nm вртежен момент, а истовремено ги задоволува и најстрогите EURO6 еколошки норми. Благодарение на овој мотор, Golf GTD ќе забрзува до 100 километри на час за 7.5 секунди и ќе успее да постигне максимална брзина од 230 километри на час.

Според најавите од Volkswagen, GTD тежи 1377 килограми кога во него има возач, багаж, сите течности и 90% полн резервоар, а потрошувачката се очекува да изнесува само 4.2 литри на 100 изминати километри (секако, во идеални услови). Емисијата на штетни гасови е само 109 грама CO2 на изминат километар. Потрошувачката се зголемува на 4.7 литри (и 119 грама CO2 на изминат километар) ако одберете да го на рачате со DSG менувач.

GTD ќе се двои од другите модели благодарение на затемнетите LED задни светла, LED осветлување на регистарската табличка, хромирани завршетоци на издувот, 17-инчните GTD алуминиумски фелни, спортската суспензија, странични прагови, заден дифузер и спојлер, како и значката на предната маска.

Во внатрешноста ќе се нудат спортски-профилирани седишта, спортски волан, педали од нерѓосувачки челик, GTD менувач и GTD панел со инструменти.

Цената на новиот Golf GTD ќе започнува од 29.350 Евра (во Германија) а нарачките ќе започнат од 5ти Март.

Поврзано:  Volkswagen ја проширува SUV-понудата со Tayron, поставен меѓу Tiguan и Touareg


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.