Seat Leon е Автомобил на Годината во Македонија за 2013! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Seat Leon е Автомобил на Годината во Македонија за 2013!

Жирито тукушто ги објави резултатите од гласањето, и автомобил на годината во Македонија за оваа година е Seat Leon!

Листата на финалисти беше објавена пред неколку седмици, а денес го имаме и овогодинешниот победник. Денес со задоволство можеме да објавиме дека жирито одлучи Автомобил на Годината во Македонија за 2013 да биде токму третата генерација на Seat Leon. За Leon гласале четворица од шестмината судии, додека двајца гласале за Peugeot 301.

Оваа година по втор пат се избира и SUV на годината. Минатата година победник беше SsangYong Korando а оваа година наградата ја освои Mitsubishi Outlander. Покрај оваа награда, годинава специјално признание за адекватност на македонскиот пазар ќе добие Peugeot 301.

Колку да Ве потсетиме, кандидатите за оваа година беа:

На победниците им честитаме за добиените награди, а на сите кандидати им посакуваме многу успех оваа година и многу продадени автомобили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.