Новиот супермини Nissan Note за Европски Пазар – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот супермини Nissan Note за Европски Пазар

Nissan ја претстави Европската верзија од втората генерација на нивниот супермини модел Note, еден месец пред дебитирањето на саемот во Женева.

Во Јули минатата година Nissan го претстави моделот наменет за Јапонскиот пазар, а сега го објавија и моделот за Европскиот пазар. Иако е опишан како хечбек, новиот Note изгледа како моноволуменец со намалени димензии, кој сака да им се спротивстави на вообичаените ривали со поинаква понуда.

Европскиот Note претрпе серија козметички и механички подобрувања. Естетските промени на екстериерот се скоро неприметливи и се состојат од благ редизајн на предната решетка и ретровизорите, како и постилски отвори за воздух на браниците. Во внатрешноста, моделот добил централна конзола и инструмент панел со попремиум изглед, како и овални наместо правоаголни централни отвори за вентилација.

Измените продолжуваат уште подлабоко, така што Nissan вели дека Европската верзија има нова суспензија и шасиски измени со што се добило подобрено управување, квалитет на возење и комфорт.

Основната варијанта ќе биде погонувана од 1.2-литарски бензински агрегат кој произведува 80 кс и 110 Nm максимален вртежен момент, овозможувајќи му на моделот просечна економија на возење од 4.7 литри/100 километри. Во понуда ќе биде и 1.2-литарски агрегат со 98 кс и 142 Nm вртежен момент, кој остварува потрошувачка од 4.3 литри. Последната опција е 1.5-литарски турбодизел со 90 кс и 219 Nm вртежен момент. Со овој мотор, автомобилот има просечна потрошувачка на гориво од 3.6 литри на 100 километри.

Новиот Note ќе се нуди со три пакети на опрема – Visia, Accenta и Tekna, со опции за систем за предупредување во мртва точка, предупредување за отстапување од линиите на коловозот и монитор за поглед наоколу. Неговото производство ќе започне ова лето, а ќе се појави во Европските застапништва на есен.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.