Дали е ова новата Skoda Octavia RS? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дали е ова новата Skoda Octavia RS?

Иако не можеме да бидеме сигурни од само една фотографија, сепак нам ова ни личи на сериската верзија на најжешката верзија на Skoda Octavia.

Skoda Octavia RS секогаш била „разумната сестра“ на Volkswagen Golf GTI, Seat Leon FR и Audi S3 – и очекуваме истото да се случи и овој пат. Под поклопецот на моторот најверојатно ќе го најдеме истиот 2.0 TFSI со 218 коњски сили и 350 Nm вртежен момент – сосем доволно за фамилијарниот седан на Skoda да понуди одлични перформанси, но истовремено и многу повеќе практичност благодарение на огромниот багажен простор.

Сепак, сега за сега можеме само да нагаѓаме, но нам оваа фотографија ни изгледа како да е блиску до вистината. Останува да почекаме уште малку до официјалната промоција, која иако не е најавена, се очекува во Женева.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.