Alfa Romeo Gloria Concept ќе дебитира во Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo Gloria Concept ќе дебитира во Женева

Италијанскиот производител на елегантни и спортски автомобили – Alfa Romeo – ги претстави првите детали за концептот Gloria пред неговото дебитирање во Женева.

Направен во соработка со студентите на Европскиот Институт за Дизајн (IED)  во Торино, концептот Gloria е стилски купе-седан направен да ги освои симпатиите на Азиските и Американските купувачи. Дизајнот на автомобилот се одликува со мазни и заоблени површини со остри завршетоци и контрастен покрив. За дизајнот на големите 20-инчни тркала се погрижиле специјалистите за алуминиумски и екстра лесни фелни OZ.

Како што може да видиме на фотографијата, на предниот дел е истакната решетката од брендот, покрај која се ниските, широки LED предни светлосни групи и големите отвори за воздух. Gloria се протега во должина од 4700mm, 1920mm широчина и 1320mm височина со меѓуоскино растојание од 2900mm, што значи дека има приближни димензии како Audi A5 Sportback.

Италијанскиот бренд вели дека концептот е дизајниран за да биде погонуван од истите V6 и V8 погонски единици кои се вградуваат во Maserati Quattroporte. Секако, иако е само концепт, Gloria е интересен поглед кон идниот дизајнерски јазик на Alfa Romeo.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.