Тјунерската куќа Arden си дозволи да го измени изгледот на веќе преубавиот кабриолет на Jaguar, а притоа му додаде и грст повеќе коњски сили!
Со тјунинг пакетот на Arden, кабриолетот на Jaguar освен што изгледа навистина агресивно, тој е и навистина моќен! Како што знаеме Jaguar XКR-S Convertible развива 550 КС, а сега од Arden најавија уште поголема моќ, но за жал не ги објавија точните спецификации.
Но, како што може да забележиме и од фотографиите, измените на надворешноста на Jaguar XKR-S Convertible се големи. Тука се многуте детали кои може да бидат во различна боја, како што се неколку детали на предниот дел, предниот спојлер и големите 21-инчни двобојни бандажи. На задниот дел, овој кабриолет добива и нов заден дифузор со кој изгледа уште поагресивно.
AJ 20 R-S пакетот за Jaguar XKR-S вклучува и нов поклопец за моторот кој има поголеми отвори за воздух како и нов издувен систем. Исто така од тјунерската куќа најавуваат дека можностите за персонализација на внатрешноста на XKR-S се големи.