Toyota GT86 Racer – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota GT86 Racer

Toyota ја претстави спортската верзија на својот најпопуларен автомобил – GT86! Се работи за GT4 верзијата на GT86 која своето деби ќе го има на Европскиот шампионат во Мај оваа година.

Racer верзијата на GT86 е дело на GPRM – мотоспорт компанија од Велика Британија во соработка со Nicholson McLaren. Под поклопецот се наоѓа одличниот 2.0 литарски турбо мотор, кој ќе развива околу 400 КС!

Сеуште нема повеќе информации околу Racer верзијата на GT86, но со оглед на бројките кои ги ветуваат од GPRM, знаеме дека ќе се работи за фантастичен автомобил.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.