Откако неодамна беше објавена листата на финалисти за изборот на Автомобил на Годината во Македонија, вчера пред македонската јавност и официјално беа промовирани кандидатите за оваа титула.
Промоцијата на кандидатите се одржа во АСУЦ Боро Петрушевски, каде секој од кандидатите беше детално претставен пред своите конкуренти, но и пред останатите новинари и бројните гости. Како што беше истакнато, жирито во моментов е во последната фаза од изборот и наскоро ќе биде познато кому ќе му припадне ова признание. Според жирито, во мртва трка за наградата, односно стилизираната маска, во годинашниов избор се: Dacia Lodgy, Great Wall Hover H5, Kia Optima, Mercedes A класа, Mitsubishi Outlander, Peugeot 301, Seat Leon и Honda Civic.
Напоменато беше дека ова е 18-ти избор за Автомобил на Годината во Македонија. Досегашни победници се Fiat Bravo/Brava (1996); Renault Megane (1997); Opel Astra (1998); Škoda Octavia (1999); Fiat Punto (2000); Seat Leon (2001); Toyota Corolla (2002); Mazda6 (2003); Mazda3 (2004); Seat Altea (2005); Volkswagen Passat (2006); Opel Corsa (2007); Kia Cee’d (2008); Volkswagen Golf (2009); Opel Astra (2010); Hyundai ix35 (2011); Kia Rio (2012).
Доколку сакате, можете да се вклучите во дискусијата за овој избор на нашиот Форум и да го кажете вашето мислење за кандидатите и потенцијалниот победник.