Ова е сериската Alfa Romeo 4C! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова е сериската Alfa Romeo 4C!

По долго време тестирање и усовршување, денес конечно пред нас ја имаме конечната верзија на малото спортско купе на Alfa Romeo – моделот 4C!

Според гласините кои кружат, 4C ќе се нуди во све изведби – и тоа со 237 коњски сили, а понатаму ќе биде достапна и посилна верзија со 266 коњски сили. Ова моќ ќе ја извлече од 1.75 литарскиот TBI мотор кој веќе го познаваме од Alfa Romeo Giulietta Quadrofoglio Verde.

Димензиите на 4C се компактни, и се најавува дека автомобилот ќе биде не подолг од 4 метри и не поширок од 2 метри, а висината ќе биде 1.18 метри. Како што знаеме, моторот е поставен средишно, зад седиштата, а најавено е дека автомобилот ќе биде опремен со автоматски TCT менувач со двојна спојка. 4C е модел од исклучителна важност за Alfa Romeo, бидејќи со овој модел повторно ќе ја започне својата продажба на Американскиот пазар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.