Volkswagen cross up! – Малечок градски автомобил со авантуристички дух! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen cross up! – Малечок градски автомобил со авантуристички дух!

Volkswagen ја проширува својата Cross фамилија, овој пат со „теренска“ изведба на својот најмал модел – градскиот Volkswagen up!

Членови на Cross фамилијата веќе се CrossPolo, CrossGolf и CrossTouran, а меѓу нив може да се вброи и големиот Passat Alltrack. Cross up! ќе биде препознатлив по дополнителните елементи на каросеријата – како што се црните заштитни пластики околу целиот автомобил, но и по поголемите тркала, кровните шини и други ситни детали.

Во внатрешноста детали како уникатните седишта и централна конзола, но и воланот и рачка од менувачот обложени со кожа ја комплетираат сликата за едно убаво опремено возило. Покрај тоа, ќе се нуди опремен со централна брава со далечинско, електрика на предните прозорци, светла за магла, загревани странични ретровизори со електрично нагодување, ESP програма за стабилност и уште многу ситници.

Volkswagen Cross Up ќе може да се добие во пет различни бои, а продажбата ќе започне веќе од ова лето по цена од 13.925 евра во Германија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.