Започна производството на Fiesta ST – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започна производството на Fiesta ST

Ford започна со сериското производство на спортската Fiesta ST во својата фабрика во Келн, Германија.

Цените за новата Ford Fiesta ST кога ќе се појави на пазарот во Април ќе започнуваат од околу 20,000 евра. Ова го назначува најмалиот спортист на Ford за најевтин автомобил во класата, поевтин од сите конкуренти.

Најбрзата Fiesta е погонувана од 1.6-литарски четири-цилиндарски агрегат со 180 коњски сили и 240 Nm максимален вртежен момент, што е доволно за забрзување од 0-100 км/ч за 6.9 секунди и максимална брзина од 220 километри на час, за што ќе бидат потребни просечно 6 литри гориво на 100 километри.

Во основниот ST пакет, моделот ќе доаѓа со поспортски браници од стадардните, 17-инчни алуминиумски тркала, 15mm пониска суспензија и тонирани стакла на прозорците. Во внатрешноста автомобилот ќе биде опремен со Recaro седишта, DAB дигитален аудио систем и клима уред. Како опција ќе биде и поскапиот ST2 пакет, кој додава LED светлосни групи, стартување без клуч, полу кожни седишта и автоматска клима.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.