WRC: Лоеб предводник на Релито во Шведска – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Лоеб предводник на Релито во Шведска

Себастијан Лоеб извојува рано водство на Рели Шведска со победа на првата специјала во четвртокот навечер.

На почетокот од второто од неговите четири појавувања во оваа сезона на Светскиот Рели Шампионат, Лоеб пристигна на целта за пола секунда пред останатите возачи. Јари-Мати Латвала и Евгени Новиков се најдоа на втората позиција со тоа што поставија подеднакви времиња, додека Мико Хирвонен и Мадс Остберг со исти времиња завршија на четвртото место.

Третиот воач на Citroen, Дани Сордо, заврши на седмата позиција со заостанување од 1.9 секунди позади Лоеб. Себастијан Ожие беше многу блиску до Лоеб, но загуби 2.5 секунди при судир со снежна препрека со што се најде на финалната деветта позиција.

Водечки позиции по суперспецијалата:

Поз. Возач Тим/Автомобил Време/Разлика
 1.  Себастијан Лоеб     Citroen              1h34m52s
 2.  Јари-Мати Латвала   VW                    + 0.5s
 3.  Евгени Новиков      Qatar M-Sport Ford    + 0.5s
 4.  Мадс Остберг        Qatar M-Sport Ford    + 0.7s
 5.  Мико Хирвонен       Citroen               + 0.7s
 6.  Тери Невил          Qatar M-Sport Ford    + 1.7s
 7.  Дани Сордо          Citroen               + 1.9s
 8.  Јарко Никара        Prodrive Mini         + 2.0s
 9.  Себастијан Ожие     VW                    + 2.5s
10.  Хениг Солберг       M-Sport Ford          + 2.6s



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.