Францускиот Renault во Женева ќе го претстави Scenic XMOD – кросовер наменет за фамилиите кои понекогаш сакаат да ги напуштат асфалтираните патишта.
За да ја добие ознаката XMOD, Scenic ќе дојде опремен со дополнителни пластични делови на предната и задната страна на автомобилот, но и на вратите и околу крилата, зголемено растојание од подлогата и нови фелни. За жал нема да има варијанта со погон на сите четири тркала, но ќе се нуди Grip Xtend систем за контрола на тракцијата кој ќе дозволи полесно справување со условите надвор од асфалтот.
Познавајќи го Renault, Scenic XMOD ќе се нуди со цела лепеза на одлични бензински и дизел агрегати, но во најава е и опцијата за Start & Stop систем. Не смееме да ја занемариме ниту безбедноста, која сме сигурни дека ќе биде на највисокото ниво.