Mercedes-Benz C63 AMG Edition 507 – Војната започнува! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz C63 AMG Edition 507 – Војната започнува!

Инженерите од AMG не седат со вкрстени раце – новиот C63 AMG Edition 507 е „фрлање на ракавицата“ кон конкурентите!

Mercedes-Benz тукушто го најави C63 AMG Edition 507, а името го носи благодарение на 507-те разјарени коњи кои се кријат под поклопецот на моторот. Според нив, Edition 507 е сосем ново ниво на динамизам, а со оглед на таа бројка, но и импресивните 610 Nm вртежен момент, ние мораме да се согласиме. Edition 507 забрзува до 100 километри на час за 4.2 секунди ако го одберете како купе или седан, односно 4.3 ако решите дека караван со 507 коњски сили е потребен во вашиот живот. Максималната брзина на сите модели е 280 километри на час.

Интересен е тајмингот на промоцијата на овој модел – секој момент ги очекуваме официјалните податоци за новиот BMW M3, кој веќе традиционално е најлутиот конкурент на најмоќната изведба на Ц-класата.

Покрај импресивните перформани, купувачите ќе добијат и ваучер за учество на програма за тренирање возачи на AMG Driving Academy.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.