Audi RS5 на Vossen Фелни – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi RS5 на Vossen Фелни

Кога излезе на пазарот, Audi A5 беше едно од најубавите купеа од модерната генерација. Додека BMW и Mercedes измислуваа нов дизајн, брендот од Инголштад остана верен на класичната купе форма.

Но овој автомобил има три работи кои го прават уште попривлечен. Најпрво, ги има редизајнираните предни светла и решетка од обновениот модел, кои го прават купето да изгледа уште подобро. Второ, ова е најсилната RS5 верзија со 4.2-литарски V8 агрегат, кој произведува 450кс и забрзува до 100 км/ч за само 4.5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.

Најпоследно, овој поединечен модел е доработен од специјалистите за фелни Vossen. Тие го поставија на 20-инчни конкавни фелни со широчина од 10.5 инчи, а исто така го опремија и со специјална воздушна суспензија која придонесува за одличниот изглед.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.