CARclub.mk во соработка со Антон Ѓоршев екслузивно ви ја претставува визуелизацијата на новиот Audi A3 Sedan.
Концептот Audi A3 Sedan, првично претставен на Geneve Motor Show 2011 привлече огромно внимание со изобилството на дизајнерски детали како и секое концептно возило. Меѓутоа највпечатлива беше изјавата на раководството на Audi, дека речиси 80% од дизајнерските елементи на концептот ќе влезат во конечниот производ, што се покажа како точно гледајќи ги најновите фотографии од тестирањата, на кои и покрај камуфлажата се забележува дека основната форма останала скоро иста. Како најголема разлика се наметнува остранувањето на огромните тркала, но исто така и употребата на карбон и други егзотични материали кај серискиот модел ќе бидат заменети со нормални материали.
За погон ќе бидат искористени познатите агрегати од полиците на Volkswagen и Audi, а моќта на подлогата ќе се пренесува преку предните тркала или претпознатливиот за Audi, quattro погон, а како основа ќе биде искористена многу добро прифатената MQB платформа на Volkswagen и Audi. Во понатамошниот период може да се очекува хибридена и целосно електричена верзија.
Како главен ривал на новиот A3 Sedan во моментов се наметнува новиот Mercedes CLA иако концепциски не се баш конкуренти, но сигурно можеме да очекуваме и BMW да го понуди својот најмал модел, Series 1 во слична форма.
Останува уште да видиме колку визуелизацијата на Антон ќе биде блиску до конечниот производ.