Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата се намалуваат!
Во согласност со нивната методологија за пресметка на малопродажните цени на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат за 1.01 процент. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 81.50 денари, односно 0.5 денари поефтино од досега, а ЕУРОСУПЕР-98 по цена од 83.00 денари, исто така 0.5 денари поефтино од порано. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто така се намалува, и ќе се продава по цена од 71 денари за литар, односно 1 денар поефтино од досегашните цени.
Како што напоменавме, овие цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.
Извор: Регулаторна Комисија за Енергетика