PSA групацијата претстави нов воздушен хибриден погон на нивната прослава наречена „Ден на иновации“.
Според Француската компанија, ова е важен чекор кон нивната цел да создадат автомобил со потрошувачка од само 2 литри на 100 километри. Воздушниот хибриден погон користи бензински агрегат, компресиран воздух, хидраулична моторна пумпа и автоматски менувач со епициклични запчаници. Компанијата не објави спецификации, но објави дека погонот има три режими на работа: само бензински, само на воздух и комбиниран воздух и бензин.
PSA проценува дека доколку технологијата биде употребена кај Citroen C3 или Peugeot 208, моделите ќе имаат просечна потрошувачка од 2.9 литри на 100 километри и емисија на издувни гасови од 69 грама на километар. Најважно, во градско возење, во режим само на воздух, автомобилите ќе се движат без никакво загадување и потрушувачка во 60-80% од времето.
Покрај тоа што звучи премногу сложен и неверојатен, PSA групацијата планира да го нуди системот во 2016 кај возила од Б-сегментот.