Тркачката дивизија Hoonigan на светски познатиот шоумен Кен Блок ги претстави нивниот нов објект и новите бои на автомобилот за оваа сезона.
Автомобилот е исшаран во стил на графиките кои се употребуваа на скејтбордите во осумдесетите, како и глисерите од ерата на пороците на Мајами и стариот ‘old school’ хип хоп. Како последица на тоа, автомобилот има разнобоен екстериер со сини тркала, Американско знаме над отворот за воздух на кровот и многу спонзорски логоа.
Во 2013, Кен Блок и Hoonigan тркачката дивизија ќе се натпреваруваат во X Games, Global RallyCross, Rally America, Gymkhana GRID и WRC. Сепак и покрај густиот распоред Блок подготвува специјален Gymkhana проект со DC за оваа година.
Hoonigan Racing исто така го прикажа нивниот нов објект кој најверојатно ќе направи да ја замразите вашата канцеларија уште повеќе од обично. Наместо да биде едноличен магацин, објектот е еколошка фабрика која се протега низ 1,100 квадратни метри и е поделена на две области: работилница и креативно место за канцеларии со одвоени оддели за маркетинг и администрација. Објектот изгледа апсолутно неверојатно и да бидеме искрени, ние сме прилично љубоморни на нивната работна средина.