PSA групацијата ја претстави новата EMP2 платформа за време нивната прослава наречена „Ден за иновации“. Зборовите од кратенката EMP2, во превод значат ефикасна модуларна платформа.
EMP2 платформата е изработена користејќи повеќе компоненти и материјали, кои вклучуваат челик со висока цврстина, алуминиум и композити. На неа треба да бидат поставени идните модели од Ц и Д сегментите. Оваа промена ветува зголемена безбедност, возачко задоволство и комфор, но исто така и намалена потрошувачка на гориво благодарение на намалената тежина за 70 килограми.
Структурата е екстремно флексибилна и е креирана да биде основа за седани, каравани, купеа и кросовери. Платформата ќе оди во пакет со технологии за намалување на потрошувачката, како старт/стоп систем, електрично управување и гуми со многу низок отпор на триење.
EMP2 платформата ќе започне да се произведува подоцна оваа година и ќе се користи за наредната генерација на Peugeot 308 и Citroen C4 Picasso.