По најавата во Мај 2012, Mazda Motor Corporation и Fiat Group Automobiles SpA денес потпишаа договор за новиот отворен двосед на Alfa Romeo кој ќе се произведува во Хирошима, Јапонија.
Новиот роудстер на Alfa Romeo ќе биде развиен за глобалниот пазар, и ќе биде поставен на архитектурата врз која ќе биде изградена и следната Mazda MX-5. Како што и претходно беше најавено, Mazda и Fiat ќе развијат два различни и уникатно дизајнирани роудстери со погон на задните тркала. Секој од моделите ќе биде придвижуван од мотори кои се специфични за секој бренд, а ќе почнат да се произведуваат во 2015.
Според најавата, Mazda сака да ја подобри развојната и производствена функционалност и да го ревитализира ентузијазмот за отворените двоседи низ целиот свет, а на Fiat оваа соработка ќе му дозволи да понуди модерна интерпретација на класичниот Alfa Romeo роудстер кој ќе ги користи најмодерните технички решенија, и истовремено ќе и дозволи на Alfa Romeo да ги постигне своите зацртани цели до 2016.