Во третиот ден, Себастијан Лоеб продолжи да го зголемува водството во Монте Карло, додека пак битките позади него почнаа да се заоштруваат.
На патиштата покриени со сув асфалт, разновиден снег и црн мраз, најголемиот ривал на Лоеб, Себастијан Ожие покажа претпазливо возење. Возачот на Volkswagen објасни дека бидејќи Лоеб не е закана за титулата, тој бил многу среќен со втората позиција на ова рели. Лоеб ќе го започне последниот ден со водство од една минута и четириесет и седум секунди.
Возачот на Ford M-Sport Евгени Новиков сега се наоѓа на третото место. Тој имаше придобивки од извртувањето на Дани Сордо на дванаестата етапа, но потоа на тринаесеттата етапа Сордо возврати и ја намали разликата на 1.7 секунди.
Летечкиот Финец, Мико Хирвонен имаше проблеми со прегрејување на сопирачките на неговиот Citroen на тринаесеттата етапа. Тоа му беше од голема корист на вториот возач на Polo R WRC – Латвала кој постави второ најбрзо време денеска и ја презема петтата позиција, со 15 секунди предност пред Хирвонен.
Јухо Ханинен го задржа седмото место, пред тимскиот колега од M-Sport Мадс Остберг, кој забележа најбрзо време на последната стаза.
Водечки позиции по третиот ден:
Поз. Возач Тим/Автомобил Време/Разлика 1. Себастијан Лоеб Citroen 3h36m47.0s 2. Себастијан Ожие VW + 1m47.4s 3. Евгени Новиков M-Sport Ford + 3m19.9s 4. Дани Сордо Citroen + 3m21.6s 5. Јари-Мати Латвала VW + 4m04.9s 6. Мико Хирвонен Citroen + 4m19.1s 7. Јухо Ханинен M-Sport Ford + 5m15.5s 8. Мадс Остберг M-Sport Ford + 6m18.2s 9. Брајан Буфие PH Citroen + 8m20.7s 10. Мартин Прокоп Czech Ford + 18m48.8s