Во Монте Карло започна новата сезона на WRC! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Монте Карло започна новата сезона на WRC!

Денес започна новата сезона на WRC, а светскиот првак Себастијан Лоеб е победник на првиот ден со предност од 1.20.30 минути во однос на второпласираниот Себастијан Ожие.

Во вистински зимски амбиент, по снег и мраз, релито го поведе сјајниот Француз Себастијан Ожие, но за кратко време Лоеб го престигна и ја освои првата позиција. Останатите двајца возачи на Абу Даби тимот на Citroen ги завземаа третата и четвртата позиција, така што Мико Хирвонен заврши на третото место, додека Дани Сордо го освои четвртото место, а веднаш зад него се најде Јари-Мати Латвала.

Ова беше одличен почеток за фабричкиот тим на Volkswagen – пилотите на новото Polo R WRC се најдоа на втората и петтата позиција – па во иднина очекуваме уште подобри резултати. Во првиот ден дури седум возачи излетаа од тешката стаза и не успеаа да стигнат до целта.

Водечки позиции од првиот ден:

Поз. Возач Тим/Автомобил Време/Разлика
 1.  Себастијан Лоеб       Citroen              1h39m49.0s
 2.  Себастијан Ожие       VW                   + 1m20.3s
 3.  Мико Хирвонен         Citroen              + 1m46.7s
 4.  Дани Сордо            Citroen              + 2m01.2s
 5.  Јари-Мати Латвала     VW                   + 2m32.2s
 6.  Евгени Новиков        Qatar M-Sport Ford   + 2m50.6s
 7.  Брајан Буфие          PH Citroen           + 2m57.1s
 8.  Јухо Ханинен          Qatar M-Sport Ford   + 3m03.5s
 9.  Мадс Остберг          Qatar M-Sport Ford   + 4m45.1s
10.  Мартин Прокоп         Czech Ford           + 7m11.0s


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.