Претставена Acura NSX Concept II, овој пат со ентериер! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставена Acura NSX Concept II, овој пат со ентериер!

Луксузната рака на Honda го претстави обновениот концепт-наследник на легендарниот NSX. Носејќи ја ознаката Concept II, овој пат Acura NSX дојде со комплетен ентериер!

Покрај затегнатиот ентериер, кој сега носи подискретна предна маска, и ситни измени на страните и на задниот дел, новиот концепт сега дојде и со целосен ентериер кој изгледа навистина спортски и привлечно.

Ентериерот е минималистички, без многу детали, но е обвиен во комбинација од кожа и алкантара, но носи и детали од јаглеродни влакна на средишната конзола и на вратите.

Измени на погонската единица нема, односно Acura NSX Concept II сеуште е придвижувана од истиот хибриден V6 поврзан со погон на сите четири тркала и три електромотори преку менувач со двојна спојка. Според најавите, Acura NSX ќе започне да се произведува кон крајот на 2014 или почетокот на 2015.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.