Skoda прикажа специјална верзија од малиот градски автомобил, со поспортски изглед.
Причината поради која велиме ‘изглед’ е бидејќи Citigo Sport освен естетските додатоци не носи подобрувања на перформансите. Оваа специјална верзија доаѓа само со 1.0-литарскиот MPI три-цилиндарски бензински агрегат кој испорачува 59кс или 74кс.
Естетските додатоци кои го прават поразличен и постпортски од стандардниот модел се 15-инчни алуминиумски фелни, преден спојлер, заден дифузер, декоративни тркачки линии, спортски навлаки на седиштата, кожа на рачната кочница и менувачот и спортски волан со три краци.