Европскиот оддел на GM претстави нов 1.6-литарски четири-цилиндарски турбо дизел агрегат, кој ќе ги замени постоечките 1.7-литарски агрегати и послабите варијанти на 2.0-литарскиот дизел.
Максималната сила и вртежен момент се поголеми од досегашниот 1.7-литарски дизел, со бројки од 136кс и 320Nm, додека потрошувачката на гориво е намалена за 10% од сличните верзии на 2.0-литарскиот дизел.
Новиот 1.6-литарски CDTI ECOTEC со алуминиумски блок е првиот дизел кој ги исполнува идните и многу построги Euro 6 стандарди за издувни гасови. Неговото производство ќе започне во пролет во истата фабрика со новиот 1.6-литарски бензински мотор, во Сентготард во Унгарија.