Nissan го објави својот најнов дизајнерски правец со новиот Resonance Concept – концепт кој e најава идеја за новите кросовери на Nissan односно за новата, трета генерација Murano.
Фотографиите од овој концепт се претставени пред премиерата во Детроит и предизвикаа големо внимание на автомобилските критичари. Resonance концептот на Nissan e спортски ориентиран кросовер кој нам ни изгледа навистина привлечно.
Дизајнерите имплементирале една интересна изведба на панорамскиот кров кај Resonance кој го нарекуваат „V-Motion“, а предните и задни светла кои се налик на бумеранг со LED диоди изгледаат прилично агресивно.
Целиот дизајн е проследен со модерни агресивни линии, а тука се и 22-инчни алуминиумски фелни кои го надополнуваат спортскиот дух на овој концепт.
Да ги погледнеме првите официјални фотографии од овој концепт на Nissan пред неговата премиера во Детроит, кога ќе дознаеме и повеќе за него.