Само неколку дена откако Mercedes-Benz го претстави освежениот E63 AMG, сега ни прикажува две видео презентации за спортскиот модел.
За потсетување, обновените седан и караван варијанти на најспортската верзија на Е-класата ги погонува 5.5-литарски V8 твин-турбо агрегат со 557 кс и 720 Nm, додека пак “S” моделите опремени со погон на сите тркала испорачуваат 577 кс и 800 Nm максимален вртежен момент.
По споделувањето на фотографиите од E63 AMG, Mercedes сега сака уште подобро да го доживееме автомобилот преку нивните видео материјали.